Барање за итно донесување закон за замрзнување на кредитните обврски

Отворено писмо до Владата на Република Северна Македонија,

   Во изминатите месеци сведоци сме на лихварскиот однос на банките кон обичниот граѓанин и искористување на мораториумот како средство за поголема заработка. Наместо за помош на граѓаните и компаниите во овие тешки моменти во борбата за нивен опстанок, мораториумот е злоупотребен и искористен за зголемување на профитот на банките и другите финансиски институции .
   Апелираме до Владата да ги заштити граѓаните и компаниите од самоволието и алчноста на банките со донесување на закон за замрзнување на кредитните обврски за најмалку 6 месеци.
  Мораториум со пресметка на камата не е никаква помош како што банките целиот изминат период тоа сакаат да го прикажат во јавноста, туку е само одлагање на делумна или целосна наплата на кредитот која порано или покасно достасува за наплата и тоа зголемена за пресметаната камата.
   Поради целата наведена ситуација се поставува следното прашање:
Зошто банките да бидат единствени кои заработуваат на оваа кризна ситуација?
   Многу граѓани останаа без работа, голем број добија намалени плати, многу компании пропаднаа , а уште поголема е бројката кои се борат да опстанат, само банките под закрила на мораториумот заработуваат како за нив да нема криза.
    Со брзо законското решение кое ќе го донесе Владата треба да бидат опфатени сите граѓани без разлика на редовноста на подмирување на обврските во претходниот период. После завршување на овој период би се продолжило со плаќање на кредитните обврски согласно амортизациониот план без дополнително оптоварување со пресметани камати и други трошоци.
 
Здружение на банкарски клиенти АНУИТЕТ

Поврзани вести

КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!