Одложување на кредитите - помош или замка за граѓаните?

Уредбата за промена на договорните услови за кредити , донесена во март оваа година беше изработена во соработка на НБРСМ , МБА и Министерството за финансии . Со неа на  банките им се овозможи сами да ги одредат условите под кои нејзините должници ќе ги отплаќаат своите кредитни обврски. Банките имаа потполно право да ја одбијат или прифатат понудата од владата со цел да им “помогнат” на лицата погодени од корона кризата.  Прифаќајки ја таа понуда тие се стекнаа со можност да ги преземат работите во свои раце и да се збогатат преку искористување на  безизлезната положба на обичните граѓани. Последиците од овие навидум поволни мерки за граѓаните почнуваат да испливуваат на површина, но нивната вистинска тежина ќе ја согледаме во наредниот период.

Соогласно со Уредбата за промена на договорните услови, наведени се повеќе начини за помош на должниците на банките, како одложување на отплата на кредите и намалување на каматните стапки. Банките ниту ги намалија каматните стапки, ниту им помогнаа на должниците на било каков начин. Напротив, тие ги изменија договорните услови, во сопствена полза, со што на клиентите за Грејс периодот во кој е одложена обврската за плаќање на кредит, им се пресметуваат каматни стапки, при што во ниту една Јавна понуда за промена на договорните услови од банката не е јавно и транспарентно наведена висината на каматната стапка за  време на Грејс периодот, а дополнително кај некои банки, по истекување на Грејс периодот таа целосно достасува. Иако кризата сеуште не е завршена банките започнаа да ги наплаќаат своите побарувања кои ги имаат кон граѓаните. Тие постојано добиваат известувања во кои се наведени високи доспеани суми кои треба да ги платат по основ на камата.
Зошто надлежните органи дозволија во услови на корона криза, банките да се богатат на грбот на обичните граѓани, наместо навистина да им се помогне во овие тешки услови, кога многу домаќинства изгубија значаен дел од својот доход??
КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!