Сѐ што треба да знаете за Фондот за осигурување на депозити?

Фондот за осигурување на депозити е финансиска институција која е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија, а функционира со цел да ги обесштети штедачите во банките,штедилниците и филијали на странски банки при настанување на ризичен настан. Секоја банка и штедилница е обврзана да членува во фондот ,а за тоа фондот им наплатува премија.

Тоа значи дека во случај на пропаѓање на некоја од горенаведените институции Фондот за осигурување на депозити ги обесштетува физичките лица кои имаат депозити во висина до 30.000 евра во денарска противвредност. Депозити кои што се предмет на осигурување се: денарски и девизни депозити, сертификати за депозити, трансакциски сметки, депозити врзани за парични картички и девизни приливи на физичките лица. За граѓаните е важно да знаат дека доколку поседуваат повеќе депозити во една банка во случај на пропаѓање на истата тие депозити се акумулираат и се обесштетуваат како еден депозит. Така на пример ако поседувате два штедни влога еден денарски и еден девизен и нивната вкупна сума надминува 30.000 евра во денарска противвредност износот што се обесштетува не може да надмине износ повисок од 30.000 евра. Доколку се најдете во ваква ситуација останатиот дел од штедниот влог треба да се исплати од стечајната маса. Сепак земајќи го во предвид фактот дека Фондот има приоритетно право за наплата на своите побаруваења од стечајната маса постои опасност од неможност за поврат на останатите средства. Затоа предлагаме доколу поседувате поголем износ на парични средства, со голема сериозност да пристапите на идејата за нивно депонирање во некоја од комерцијалните банки или штедилници, односо темелно да ги разгледате можностите и ризиците на нашиот банкарски сектор. Дополнително, фондот е должен да ги исплати осигурените суми во рок од 20 дена од денот на ликвидација на банката, а во одредени услови тој рок може да се пролонгира но не повеќе од 30 дена. Од обесштетување на депозитите се изземени оние на правните лица. Исто така, Фондот не ги обесштетува:
1. Депозити на депоненти на кои им биле дадени привилегирани каматни услови, различни од оние објавени во банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
2. Депозити на депоненти сопственици на над 5% од акциите со право на управување со банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
3. Депозити на членови на органите на управување на банката, филијалата на странската банка или штедилницата;
4. Депозити на роднини од прв степен на лицата од точките 2 и 3, сопруг(а) и деца;
5. Депозити кои се врзани со трансакции со кои се вршело перење пари доколку прекршителот е осудуван и казната е во сила.
Доколку Фондот не располага со доволно средства да ги исплати осигурените депозити, обврзан е да ги обезбеди истите на начин утврден со Законот за Фондот за осигурување на депозити.
КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!