Мала едукација -Живот на кредит

Поради достапноста на заеми и кредитни картички понудени од страна на финансиските институции, може да се доведете во искушение да потрошите повеќе пари отколку што имате. Кредитите се нудат за купување куќа, автомобил, за одење на одмор во странство и др.
Важно!  
Средствата добиени преку кредити мора да ги вратите назад, и тоа со камата!
 
Пред да позајмите пари, размислете дали можете и дали знаете да управувате со сопствените долгови. Запомнете дека треба да имате повеќе финансиска средства отколку што должите. Треба да се трудите да го зголемите износот или вредноста на она што го поседувате. Ако, пак, позајмувате пари, треба да ги користите за продуктивни цели. Обидете се да не користите кредити, кредитни картички или дозволени пречекорувања за работи коишто не се нужно неопходни за вас.
 
 Заеми и кредити
 Дали производите или услугите што сакате да ги купите со позајмени пари ви се потребни?
 Ако ви се потребни, тогаш дали можете да си дозволите да ги исплаќате ратите на кредитот или кредитната картичка?
 
Ако се работи за поголема вредност како што е купувањето автомобил или куќа, дали можете да си дозволите да ги намалите вашите други трошоци?
Ако тоа е нешто што многу го посакувате, но не ви е толку потребно, дали можете да се контролирате и да го одложите купувањето? 
 Ако сте одлучиле да земете кредит за да купите нешто, дали претходно направивте финансиски план за да видите дали сте реално во можност да го отплатите кредитот?
 
Дали знаете кои се последиците ако не сте во можност да ги отплатите долговите? Во случај на неисплаќање на ратите од кредитот, ќе се преземат законски мерки против вас.

Што е навистина важно? 
Важно е да не се презадолжувате со кредити и да не правите големи трошоци користејќи ја кредитната картичка. Како општо правило, вкупните месечни исплати за сите кредити и кредитни картички не треба да надминуваат третина од вашата нето месечна плата, во спротивно ќе бидете презадолжени.


 
 
 

 
КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!