Актуелно

Koрисниците на банкарскиот кредит и нивните права

Банките немаат право да наплаќаат трошок за обработка на кредитот ,односно провизија за обработка на кредит ! „Трошоците за обработка на заемот“ ги наплатуваат банките при земање заем, без разлика дали станува збор за станбен, готовински или друг вид заем, и сите овие надоместоци можеме да Ви ги наплатиме преку судовите. Во случај на рефинансирање на заемот, банките ви наплатуваат надоместок за „обработка на заемот“, така што наместо првичниот 1% од стариот заем, ви должат уште 1% од рефинансираниот износ на заемот, со затезна камата (казнена камата).
  • Мисијата на Здружението Ануитет е да ги промовира,застапува и штити своите членови и оштетени потрошувачи во односите  со банките и финансиските друштва за производите и услугите кои што ги користат . Основна активност на Здружението е заштитата на интересите на членовите. Ако има проблем во односите со банката, Здружението, како институција, ќе го најде полесно патот  да го заштити својот член отколку што поединецот може да направи сам, со писмо, совети, но и правна помош, доколку е потребно. Целта на здружението е да го олесни постигнувањето на целите и да ги заштити интересите на членовите, воедно да влијае на етичко однесување на банките кон своите клиенти.
КАТЕГОРИИ
БИДИ ИНФОРМИРАН!

ЗАКОНИ!