Здружението на банкарски клиенти АНУИТЕТ е формирано во 2020 година во Скопје. Наша основна цел за формирање на здружението е заштита на банкарските клиенти и клиентите на други финансиски институции, од неправеден, лихварски и дискриминирачки однос на банките и финансиските институции.
Секој член на здружението може да добие БЕСПЛАТНА советодавна помош за остварување на своите права , како и помош при комуникација со деловните банки, НБРСМ и другите финансиски институции .
Сите наши членови ќе ги добијат сите потребни информации за неадекватен и неетички однос на банките и финансиски институции на кои претходно биле изложени наши членови.
Уште една важна активност на Здружението АНУИТЕТ е заштита на интересите на неговите членови. Доколку се појави проблем помеѓу наш клиент и банка или друга финансиска институција, здружението како институција полесно ќе го заштити својот член преку совет, контакт со институциите, како и со правна помош доколку биде потребна , отколку тоа тој да го прави сам како поединец.
Смислата на здружувањето е полесно постигнување на целите и заштита на интересите на членовите.
ЗАЕДНО ПОМОЌНИ...